среда, 28. јули 2021. Вести денес: 22
home Општини

Ристески: Развојот на манастирскиот туризам беше приоритет на претходната локална самоуправа и Владата на ВМРО-ДПМНЕ

Ристески: Развојот на манастирскиот туризам беше приоритет на претходната локална самоуправа и Владата на ВМРО-ДПМНЕ

Развојот на манастирскиот туризам беше приоритет на претходната локална самоуправа и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, се надевам дека идната ЛС од ВМРО ДПМНЕ, ќе ја продолжи традицијата за изградба на достапни патишта до нашите манастири и културно-историски и природни реткости, а еден од приоритетите ќе биде и асфалтен пат до преубавиот манастир во с.Дрен, пишува во својата Фејсбук објава поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески.

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме целата објава на Ристески:

МАНАСТИРИТЕ-ЧУВАРИ НА МАКЕДОНСКАТА ДУХОВНА РИЗНИЦА И РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ ВО ПРИЛЕП

Развојот на манастирскиот туризам беше приоритет на претходната локална самоуправа и Владата на ВМРО-ДПМНЕ од неколку причини:
🔸️преубавите стари и вредни манастири во околината на Прилеп;
🔸️живописните места на кои се изградени овие манастири;
🔸️интересот и подемот на овој вид туризам;
🔸️финансискиот бенефит од посетите, за манастирите… и за градот;
➡️Но, за реализација на оваа цел имаше два важни проблеми кои требаше да се решат:
▪️немањето соодветни патишта (тешко, скоро и невозможно достапни одредени манастири, за посетителите посебно за болни и повозрани лица);
▪️ немањето соодветна инфраструктура и уреденост на самите манастири;
✔За таа цел, приоритет беше изградба на локални патишта до манастирите кои чинеа повеќе милиони евра и уредување на конаците, црквите, дворовите и околината на манастирите…
☑Со самата изградба на достапните патишта повеќекратно се зголеми посетата и атрактивноста на манастирите, а Прилеп со овој и фестивалскиот туризам кој го развиваше, стана трет град по посетеност во Македонија (после Скопје и Охрид).
За бенефитот од овој вид туризам најдобро можи да кажат: угостителите, хотелиерите, дуќанџиите, чаршијата, таксистите..целиот град!
➡️Прв пат во историјата Прилеп почувствува посета на туристи од целиот свет, но и нашинци-иселеници кои секогаш го ставаа во приоритетите за посета…
Со достапните патишта многу Прилепчани ги обновија и своите навики за посета на манастирските комплекси, кои беа и подзаборавени во минатото (комунизмот).
➡️Да потсетиме, на општо задоволство се изградија достапни локални патишта до следните манастири:
🔸️Манастирот во с.Зрзе, XIV век
(6 км асфалтиран пат);
🔸️Манастирот Трескавец, XIII век
(7.5 км асфалтиран пат);
🔸️Манастирот “Св.Никола” во с.Манастир-Мариово, XI-XIII век
(7 км асфалтиран пат);
🔸️Пешачка – туристичка патека “Крал Марко” до манастирот “Св. Архангел Михаил”-Варош, XII век(2 км камена патека и осветлување);
➡️ Покрај до овие повеќевековни манастири, се изградија асфалтирани патишта и станаа достапни и другите преубави манастири во околината:
🔸️”Св. Петка” во Лениште (1.5 км);
🔸”️Св. Димитрија” во с.Селце (3.5 км);
🔸️половина од патот до манастирот во Прилепец (до црквата с.Волково околу 5 км) и се остави готов проект до самиот манастир во Прилепец кој беше реализиран претходната година…
☑Со изградбата на овие патишта резултатите се очигледни и секојдневни за Прилепчани, кои навистина ги наполнија манастирите со посета и му дадоа уште поголема душа и живот на истите!
‼Полни манастири – полни души со историја,традиција, култура и православие…

П.С. Се надевам дека идната ЛС од ВМРО ДПМНЕ, ќе ја продолжи традицијата за изградба на достапни патишта до нашите манастири и културно-историски и природни реткости, а еден од приоритетите ќе биде и асфалтен пат до преубавиот манастир во с.Дрен❗, пишува Ристески во својата објава.

Коронавирус