сабота, 25. март 2023. Вести денес: 85
home Општини

Ристески: Прилепчани ја препознаа предавничката политика на Заев, Локвенец, Смилевска

Ристески: Прилепчани ја препознаа предавничката политика на Заев, Локвенец, Смилевска

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески по повод денешниот државен празник 11-ти Октомври, Денот на народното востание положи цвеќе, и како што рече со посебна чест, задоволство, емоции се поклони пред споменот и делото на Ченто, Кузман и сите други кои за својот идеал, за слободна независна и самостојна Република Македонија го дале својот живот.

-Востанието на 11 Октомври беше против фашизмот, тоа беше почеток на борбата за ослободување на македонскиот народ. Со оваа вооружена борба Македонија даде силна поддршка во победата над фашизмот. Денес и овде сведоци сме на невидено лицемерие на луѓето од власта. Се поклонуваат, а на дело работат се спротивно од оние пред кои се поклонуваат. Склучуваат капитулантски договори за продажба на уставното име, го распродаваат македонскиот идентитет, историја и култура. За среќа граѓаните на Македонија, на Прилеп ја препознаа предавничката политика на Зоран Заев, Хари Локвенец, Кети Смилевска, и на 30-ти септември јасно и недвосмислено им кажаа „НЕ“. Македонија ќе оди напре, ќе биде модерна држава во европското семејство и НАТО, но никако понижена, нагласи Ристески.

loading...