вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 25
home Општини

Ристески: Прилеп стана двојазичен со гласовите на Хари Локвенец и Кети Смилевска од СДСМ

Ристески: Прилеп стана двојазичен со гласовите на Хари Локвенец и Кети Смилевска од СДСМ

Денес се одржа 11-тата седница на советот на oпштина Прилеп. Имаше повеќе точки од кои една од поважните беше донесувањето на завршната сметка на oпштинаta и отворањето на градинката во склоп на училиштето „Рампо Левката”, проект кој беше отпочнат од минатата локална самоуправа и градоначалникот Марјан Ристески.

Петар Ристески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп по седницата, меѓу другото, се осврна на неуставниот закон за јазиците.

-Денеска можам да му порачам на господинот градоначалник Илија Јовановски, дека можеби нема да биде запомнет како градоначалник кој остварил многу проекти, бидејќи сега за сега нема остварено ниту еден, но сигурно ќе биде запомнет по едно од денеска тој е првиот градоначалник на двојазичен Прилеп. Она што ВМРО-ДПМНЕ како партија во многу наврати го зборуваше и кажуваше, во многу наврати предупредуваше дека ни се остварила пред очи Тиранската платформа, дека се работи се за донесување на двојазичност во Македонија, во град во кој нема никаква потреба за донесување на двојазичност, од денеска со гласањето на Хари Локвенец и Кети Смилевска, пратениците од редот на СДСМ тоа е веќе реалност, рече тој.

Се осврна на донесувањето на завршната сметка.

-Во неколку наврати градоначалникот Илија Јованоски драматизираше дека сметката на општината е во катастрофално лоша состојба. Тој, денеска се демантираше сам со извештајот односно завршната сметка која ни ја достави, односно службите од локалната самоуправа ни ја доставија да ја изгласаме. Според книговодствената евиденција, вкупните неизмирени обврски на локалната самоуправа на крајот од 2017 година, заклучно со 31.12 изнесуваат 34.827.518 денари. Вкупните обврски доспеани, изнесуваат, 29.387.000 денари, додека вкупните недоспеани обврски изнесуваат 5.439.000 денари. Состојбата на паричните средства на ден 31.12.2017 година изнесуваат 8.411.000 денари. Од ова се гледа и потврдува извештајот на Министерството за финансии дека Општина Прилеп не само што не е многу задолжена туку и не се наоѓа на оној список на должници на општини во Република Македонија кој го објави самото министерство за финансии. Прикажувањето лажно на лоша економска, финансиска состојба на општината е со една цел, градоначалникот да добие алиби за неисполнувањето на своите ветувања, за да добие алиби да не ги реализира ветените проекти. По денот велат утрото се познава. Денес добив одговор на едно мое советничко прашање до каде е проектот со изградба на кружен тек кај мостот „Табана” и доизградба на улицата „11 Октомври”. Денеска добив одговор од градоначалникот на писмено дека овој проект кој беше оценет за одличен од Светската банка и беше одобрен кредит за негова изведба, и лично од него денес на седница на совет беше потврдено дека е оценет како добар ни кажа дека нема да го спроведе, бидејќи се консултирал со стручњаци од фелата сообраќајна и кажа дека не бил оправдан. Уште еднаш ќе потврдам донесувањето на оваа завршна сметка ни потврди дека економската, финансиската состојба на општината е во добра состојба. Но, тоа што го кажува градоначалникот повеќе пати за презадолженост претставува алиби за нереализирање на ветените проекти, рече Ристески.

Коронавирус