петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 5
home Општини

Ристески: Прилеп се гуши во смрдеа и прилепчани плаќаат најскапи сметки за вода

Ристески: Прилеп се гуши во смрдеа и прилепчани плаќаат најскапи сметки за вода

Петар Ристески пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ на денешната Комисија за финансирање и буџет зборуваше за изградбата на фабрика за рециклирање на отпад во Прилеп и укажа дека во 2017 ВMРО-ДПМНЕ остави започната фабрика да се гради за селекција на отпад, а новата локална власт на СДСМ ја запре изградбата.

„Овој проект беше во напредна фаза веќе во 2016-2017 година но со доаѓањето на СДСМ на локална власт во Прилеп овој проект беше замрзнат буквално и од тогаш и халата која скоро и да беше изградена и опремата која се чува во терминалот во Прилеп веќе се раскрчмуваат. Сакам да ве потсетам дека ова беше ветување на СДСМ во Прилеп предизборно дека овој објект ќе биде доизграден. Но како и за многу други ветувања и ова појде по вода. Градоначалникот се и сешто ветуваше и 20 проценти поевтини сметки за вода ветуваше но со самото доаѓање на власт ја поскапи водата за 60 проценти. Да ви кажам дека сега Прилепчани плаќаат најскапи сметки за вода во Република Македонија‘‘ нагласи Ристески

Ристески додаде дека како параван за да се правда неспособноста, како и да се правда арамилокот, криминалот, се гласало и на совет за формирање на нова регионална депонија која требало да биде на територијата на општина Могила.

„Но и од тогаш поминаа скоро две три години и од тој проект нема ништо. Сега Прилепчани кои имавме средена депонија, чист град сега се гуши во смрдеа. Во Прилеп во моментов јавното комунално претпријатие е без директор, трет во трета година. Прилепчани знаат зошто и што треба да направи директорот, треба да потпиши едни три машини, набавени и донесени од странство, без физибилити студија, без тендер кои веќе ги гледаме се возеа низ Прилеп тие машини, но нема јунак од вашите редови директор што би ги потпишал. И градоначалникот си ги менува директорите секоја година‘‘ истакна Ристески

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески додаде и дека за фабриката е предвидено да се изведува во две фази.

„Првата фаза беше селектирање на отпад, контејнери на јавните површини за селекција со што Прилеп тогаш прв започна со селекција на отпадот, продавајќи го и заработувајќи по 150 000 годишно, и добивме комплетно средена депонија што сега за жал го нема. Понатаму со фабриката ќе се продаваше селектирана суровина во вредност од 30 милиони денари и сигурно ќе се отвореа отприлика стотина нови работни места. А во втората фаза предвидена беше изградба на компостара и преработка на отпадот во полу производ и готов производ се до конечен пороизвод за производство на био гас. Во Прилеп со доаѓањето на СДСМ на власт проектите се замрзнаа‘‘ заклучи Ристески

Коронавирус