сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 15
home Општини

Ристески: Прилеп доби современ грандиозен објект Пречистителна станица, проект на претходната локална самоуправа

Ристески: Прилеп доби современ грандиозен објект Пречистителна станица, проект на претходната локална самоуправа

Денес е голем ден за Прилеп и прилепчани. Прв пат во историјата на градот добиваме современ грандиозен објект Пречистителна станица за третман на отпадни води и реконструирани повеќе десетици km канализациона мрежа со вредност од околу 25 милиони евра, пишува на својот Фејсбук профил, поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески.

Во продолжение го пренесуваме неговото обраќање:

Ова е најголем проект финансиран од ЕУ во една Општина во РМ во изминатиот период со што Прилеп влегува во групата на ретки Општини во РМ кои ќе имаат комплетен третман на отпадните води а со тоа ќе се овозможи:

1. Поголема заштита на животната средина,
2. Добиваме чиста река а не загадена од највисок степен како до сега без жив свет во неа,
3. Можност за земјоделците од Прилепско во иднина да ги наводнуваат земјоделските површини со чиста вода од градска река во Прилепско поле, со што ќе се добиваат еколошки земјоделски производи со можност на пласман на сите пазари без проблеми,
4. Отворање на 10-тици нови работни места кој ќе ја опслужуваат оваа пречистителна станица.

Задоволството за овај проект е уште поголемо затоа што се испроектира, се аплицира и се реализира скоро целосно во времето на претходната ЛС со што Прилеп стана пример во Македонија за успешно користење на ЕУ фондовите, а дел од средствата беа обезбедени и од Централниит буџет на претходната влада од ВМРО-ДПМНЕ.
Со овај грандиозен и значаен проект КАНАЛИЗАЦИОНИ СИСТЕМИ СО ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА, претходно успешно реализираниот проект, се воведувањето на примарна селекција на отпад, со средена депонија и започна изградба на фабрика за секундарна селекција на отпад, со започнатата гасификација на овај регион и започнатата изградба на Експресниот пат Прилеп-Градско (проекти започнати од претходната влада) беа продкти и децениски сон на Прилепчани. Овие врвни проекти станаа реалност за градот Прилеп кој секигаш беше посочуван од ЕУ и другите институции како предводник за успешно искористување и реализација на проекти со средства од ЕУ и други странски донации
Сето ова значи дека Прилеп и овој дел од Пелагонија добиваат европски атрибути на квалитет на живот и поголема конкурентност во привлекување на домашни и странски инвестиции.
Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите кои беа инволвирани во реализацијата на овој проект: ЕУ, Владата на РМ, ЈКП Водовод и канализација, вработените во ЛС кои беа ангажирани во реализација на проектот, лицата задолжени за мониторинг и имплементација на истиот, надзорот на проектот, изведувачите, но и на граѓаните кои имаа трпение овие неколку години додека се реализираше проектот… и многу други кои на свој начин придонесоа за оваа успешна европска приказна во Македонија…