петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 229
home Општини

Ристески: Дали Сугарески ги продолжува политиките на Јованоски на бесправното градење на објекти од страна на блиски роднини ?

Ристески: Дали Сугарески ги продолжува политиките на Јованоски на бесправното градење на објекти од страна на блиски роднини ?

Во текот на изборната кампања, се изнаслушaвме и изначитавме како Горан Сугарески сето свое знаење, вештини и искуство ќе ги ставел во функција на Прилеп и прилепчани.Навистина покажа ,,знаење и искуство” со тоа што го направи најголемото зло на Прилеп и Пелагонија со раскинувањето на договорот за патот Прилеп-Градско и прекинување на неговата изградба во интерес на мафијата, проект кој беше започнат, се градеше и сега ќе беше готов истиот тој Сугарески да не го прекинеше, изјави на денешната прес конференција, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

Тој посочи дека Сугарески на прилепчани и на сите граѓани во Македонија должи одговор за планскиот документ кој носи назив „Државна урбанистичка планска документација за прифатен центар за странци на КП 35, КО Бардовци, Општина Карпош”, во кој документ јасно стои дека орган надлежен за донесување на планскиот документ е Министерство за транспорт, а на самиот крај од документот може да се прочита името и презимето на Горан Сугарески во својство на министер.

– Овој документ е поврзан со изградбата на прифатен центар за странци. Во самиот документ е напишано дека изградбата на прифатниот центар за странци во Општина Карпош се очекува да предизвика долгорочни негативни влијанија од социоекономски аспект, односно интеграција на прифатените странски државјани во социјалните текови на заедницата, потреба од отворање на нови работни места, сместување, комуникација со локалното население, ризици по здравјето и безбедноста на заедницата, а особено врз жените и децата. Дали знаењето и вештините на Горан Согарески можеби ќе донесат нов прифатен центар за бегалци во Прилеп?
Исто така Сугарески нека одговори дали во неговото знаење, искуство и вештини влегува склучување на Договор за купопродажба на државно земјиште со извесен инвеститор во 2018 година, за вкупна површина од 9048 м2, за цена од само околу 300 евра по м2 на атрактивна локација на паркингот кај Холидеј Ин? Што ли се крие зад една ваква фамозна зделка? Ги повикуваме надлежните органи да истражат, истакна Ристески.

Пратеникот праша дали можеби знаењето, вештините и искуството на Сугарески вклучуваат продолжување на политиките на Илија Јованоски за легализација на дивоградби, летни тераси сред центарот на градот и урбанистички хаос на чело со урбаната и градежната мафија?

– Постојано во своите настапи потенцира дека ќе ги продолжи политиките на Јованоски. Дали во тие политики спаѓа и бесправното градење на објекти од страна на блиски роднини на Јованоски? Дали тука спаѓа и изградената зграда со сомнителна документација кај Медицинското училиште и дали Сугарески ќе продолжи со вакви проекти ? Вакво знаење и искуство на прилепчани не им требаат! Д-р Борче Јовчески, после на 17 октомври, заедно со советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ,Дејан Проданоски и тимот професионалци ќе ја преземи работата во свои раце. Затоа масовно да излеземе на 17-ти Октомври и да гласаме за број 7, број 7 за нови луѓе, број 7 за проекти и подобар Прилеп, повика Ристески.

Најнови вести

Коронавирус