среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 142
home Општини

Ристески: Ако споменикот во Дабница бил подарок, зошто тогаш општина Прилеп објавила тендер со намена за реставрација и заварување на бронзената статуа?

Ристески: Ако споменикот во Дабница бил подарок, зошто тогаш општина Прилеп објавила тендер со намена за реставрација и заварување на бронзената статуа?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп Петар Ристески преку прес-конференција денеска постави неколку прашања до власта и градоначалникот на Прилеп:

Ако споменикот во Дабница бил подарок, зошто тогаш на 29.10.2019 сте објавиле тендер со намена за реставрација и заварување на бронзената статуа, како и изработка на калап и одливка на копија од статуата?

Зошто сте објавиле тендер за споменик кој бил подарок, го поставивте споменикот на 3-ти ноември, а тендерот траше до 5-ти ноември?

Каде ви е документацијата за примениот подарок и со која одлука и на која седница на Совет го изгласавте тоа?

Со кој датум е изјавата за подарок на споменикот?

Кога е склучен договорот за примање на подарокот?

Дали на објавениот тендер добивте понуди од заинтересирани изведувачи?

Најнови вести