понеделник, 21. мај 2018. Вести денес: 37
home Општини

Ревитализација на повеќе улици во Кавадарци

Ревитализација на повеќе улици во Кавадарци

Општина Кавадарци изврши ревитализација на повеќе улици во градот, во рамките на комуналната изградба, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при кавадаречката локална самоуправа.

– Механизацијата и работниците од фирмата „Инвест груп“ работеа  на асфалтирање на улицата „Јане Сандански“. Се изврши поставување нов слој асфалт од спојот со улицата „Задругарска“ до спојот со улицата „Народен фронт“. Граѓаните се задоволни од проектот со кој општината им излезе во пресрет на нивните барања за санирање на оштетувањата на нивната улица, соопштија од Службата за информирање.

Оперативата на фирмата „Инвест груп“ денеска изврши асфалтирање на крак од улицата „Диме Туриманџов“.

– ​Со овој зафат општина Кавадарци изврши ревитализација на дел од оваа улица до спојот со улицата „9 Бригада“ кој беше значително оштетен. Асфалтирањето е во рамките на комуналната изградба, а се финансира од буџетот на општина Кавадарци, информираа од прес службата при локална самоуправа Кавадарци.