четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 74
home Општини

Реконструиран еден од најголемите булевари во Кавадарци

Реконструиран еден од најголемите булевари во Кавадарци

Продолжува реализацијата на капиталниот проект на општината за реконструкција на главните сообраќајници во градот. Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ започна со асфалтирање на делница од булеварот „Моша Пијаде“. Според планот се асфалтира коловозната лента од стариот кружен тек кај автобуската станица во правец кон новиот кружен тек над училиштето „Гоце Делчев“.

Согласно динамиката на работа, втората коловозна лента од овој булевар ќе се асфалтира утре. Заради изведување на работите на оваа улица владее времен режим на одвивање на сообраќајот.

Општината aпелира возачите да се придржуваат на времените правила на сообраќај, во интерес на квалитено и навремено изведување на работите.

Коронавирус