понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 78
home Општини

Регистрирани нови седум случаи со коронавирус во Куманово, од кои едно лице од липковско

Регистрирани нови седум случаи со коронавирус во Куманово, од кои едно лице од липковско

Регистрирани се нови седум забалени лица со коронавирус во Куманово, информираа од Центарот за јавно здравје-Куманово, притоа додавајќи дека шест лица се од Куманово, а едно лице од општина Липково.

-Во последните 24 часа, имаме седум нови случаи. Еден од нив е од липковскиот регион. Заразените се на возраст од 27 до 70-годишна возраст. Меѓу нив нема медицински лица. Се прави епидемиолошка анкета и ке бараат нивните контакти се со цел на време да се изолираат и да се преземат мерки за спречување на ширењето како и нивно закрепнување, истакна др.Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за Јавно здравје- Куманово.

Инаку, во Куманово од синоќа од 21 часот е воведена забрана и посебен режим на движење на населението. Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) кои своите работни ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Коронавирус