четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Општини

Разочараните жители на Јаболчиште: Каде се сега Спасовски и Манчевски кои ни ветуваа се и сешто пред избори

Разочараните жители на Јаболчиште: Каде се сега Спасовски и Манчевски кои ни ветуваа се и сешто пред избори

Во живо во емисијата Клик Плус- Одаја во Јаболчиште која се емитува на ТВ21 се вклучи пратеникот Агим Муртезани кој се обиде да ги оправда неодржаните ветувања, но жителите му се спротивставија на неговите тврдења обвинувајќи го него но и другите министри од СДСМ дека пред избори ги посетувале во селото и им ветувале работи но не исполниле ништо.

„Не  ти ја префрлам вината само тебе, но кај е Дамјан Манчевски, кај се тие министрите кои пред избори доаѓаа и ветуваа? Кај е Оливер Спасовски кој два-три пати е дојден тука и велеше дека ова село оставено на страна? Ние не ти ја префрламе вината само тебе, но тие се министри, кај нив се парите, финансиите се. Многу добро знам колку сум одел и колку сум му ветувал на народот, а сега јас одам да пијам кафе и луѓето ми велат дека сум бил лажго, затоа што им велев дека овие ќе ја донесат водата, ќе донесат ова, ќе го направат патот. И сега зошто мене некој да ме да ми вели дека ти си лажго, ти не лажеше, ти ни ветуваше, ти ни велеше гласајте за овој, гласајте за Заев. Бидејќи Заев ќе направи нешто. Многу добро знае народот што донесоа. Една вреќа цемент не донесе за 3 илјади жители градоначалникот. И тогаш му кажав на Агим дека овој не чини бидејќи се гледа дека не го сака ова село и овој народ“,  рече разочаран жител од Јаболчиште.

Жителите како најголема лага која им била ветена, ја издвоија за тоа дека ќе се рестартира растурената фабрика за цигли во која ќе има можност за вработувања.

„Најголемата лага е бидејќи целото село се невработени, сите се во странство и нема државна работа, но и не бараме ние државна работа бидејќи сме навикнати, но и тие работи што требаше да ги направат не ги прават. Најголемата лага е тоа што ни кажаа дека ќе ја поправат фабриката за цигли во Чашка. Стара фабрика за цигли за која ни даваа гаранција дека ќе се вработува“, велат жителите на Јаболчиште.