среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 130
home Општини

Расте бројот на зависници од дрога во Охрид

Расте бројот на зависници од дрога во Охрид

Расте бројот на зависници од дрога во Охрид.

170 пациенти моментално се лекуваат во Центарот за превенција и третман на болести од зависност. Најмладиот има 19 а најстариот 60 години ,дел од нив се од Охрид а ги има и од Струга ,Кичево и Дебар. Меѓутоа алармантно е тоа што огромна е потребата за лекување на малолетни зависници ,за нив во изработка е посебен протокол од страна на министерството за здравство за лекување во одделот на педијатрија.

Надлежните предупредуваат дека границата на возраст постојано се поместува и апелираат до родителите да не се срамат, туку да побараат помош за своето дете.

Центрите за зависници не работат со малолетни лица па така оставени сами на себе, скоро секогаш и се враќаат на дрогата.

Инаку пациентите најчесто остануваат на доживотно лекување за излекувани се сметаат тогаш кога се стабилизирани.

Извор: Сител