среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 157
home Општини

Рангелов: Создаваме нова иднина за Крива Паланка – Развивање на планинскиот туризам и помош за граѓаните за ставање на енергетско ефикасни фасади

Рангелов: Создаваме нова иднина за Крива Паланка – Развивање на планинскиот туризам и помош за граѓаните за ставање на енергетско ефикасни фасади

Ние имаме знаење и програма со многу проекти. Ние гарантираме дека ќе ги исполниме. Вие знаете дека може да верувате на нашиот збор, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Александар Рангелов, кандидат за градоначалник на Крива Паланка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-На овие избори влегуваме со чисто срце и ја бараме вашата поддршка. Ви ветуваме многу работа и конкретни резултати. Ќе го развиеме планинскиот туризам на локалитетот Калин камен. Овој проект опфаќа искористување на културните, историски те и природните ресурси со кои располага општината. Со поставување на еден до два ски влекачи на Калин камен ќе започне ски туризмот на кривопаленечкиот дел на Осоговието и ќе се иницира изградба на угостителски објекти. Ќе инвестираме и во образованието. Мора да има модерна образовна инфраструктура и современи услови за учење за сите ученици. Ќе организираме зимски и летни кампови од едукативен карактер за децата од основните училишта. Ќе понудиме бескаматни кредити и грантови за сопствениците на приватни куќи и станбени објекти за поставување на нови енергетски фасади, прозорци, изолација на покрив и под, со цел да се намали потрошувачката на енергија, вели Рангелов.

Тој додава дека во сите спортски објекти, ќе има бесплатни термини за сите граѓани на Крива Паланка. Ќе ги финансираме сите локални клубови, а за љубителите на риболов ќе организираме летна риболовна школа која ќе опфаќа организирање на семинари, предавања и практичен дел за сите заинтересирани.

-Ќе изградиме Каскадна галерија кај влевот на Дурачка река во Крива река, со парк, клупи и натстрешници за вршење на угостителски дејности. Ќе ги отстраниме чуновите кои го попречуваат движењето на пешаците од Соларски мост до Центарот за култура и ќе го решиме проблемот со паркирање за потребите на објектите со проширување на главната улица. Со проектот „Работилница за занаетчиство“ ќе отвориме работилница во која ќе се оддржуваат обуки на лица заинтересирани за стекнување занаетчиски вештини. Не дозволувајте да ве лажат повеќе. Ајде, да ги земеме работите во свои раце. Ова е шанса за сите нас да создадеме промени и нова иднина за Крива Паланка затоа што новата иднина е среќна иднина, истакнува Рангелов.

Најнови вести

Локални избори 2021