среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 105
home Општини

Ракомет во Струга за помош на Сара и Зоран

Ракомет во Струга за помош на Сара и Зоран

Утрешниот ракометен натпревар од Супер лигата помеѓу женските ракометни клубови „Стружанка“ од Струга и „Металург“ од Скопје, ќе има хуманитарен карактер.

Со цел да се соберат парични средства за лекување на Сара Настеска од Охрид и Зоран Перески од струшкото село Ложани, утрешниот ракометен натпревар од женската ракометна Супер лига помеѓу ракометарките од „Стружанка“ и скопски „Металург“, ќе има хуманитарен карактер и ќе биде посветен за помош на младите Сара и Зоран кои се соочени со тешки болести и потребни им се пари за итно лекување.

За таа цел, влезот на ракометниот натпревар е бесплатен а секој гледач ќе може доброволно да донира парична помош на неколку места обележани за таа намена.

На овој начин, ракометарките од „Стружанка“ и „Металург“, се приклучуваат кон бројните хуманитарни акции за помош на Сара од Охрид но и на младото момче Зоран од струшкото село Ложани, посакувајќи им успешно лекување и оттргнување од канџите на тешките болести.

Инаку ракометниот натпревар од женската ракометна Супер лига помеѓу „Стружанка“ од Струга и „Металург“ од Скопје, ќе се одигра утре, во 13 часот и 30 минути во спортската сала „Нико Нестор“ во Струга.

Коронавирус