сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 0
home Општини

Радишани во мрак, Смилевски за тоа јавно ги обвини жителите (ФОТО)

Радишани во мрак, Смилевски за тоа јавно ги обвини жителите (ФОТО)

Радишани во мрак. Граѓаните од улицата 8, револтирани оти немаат улично осветлување, го прозваа првиот човек на општина Бутел, Велимир Смилевски.

-Повторно повторно и повторно…. Без улично осветлување жителите во Радишани (Општина Бутел) ул. 8. Животот во општина Бутел и понатаму продолжува, но само кај членовите на СДС. Оваа власт не донесе ниту живот ниту нешто друго, напротив донесе само лошо на граѓаните. Ова ли е живот господине Велимир Смилевски вака ли им возвраќате на граѓаните, каков е овој живот што го најавувате со лажни ветувања? Животот е само во вашите џебови и кај вашите блиски, барем едно нешто исполнете што го ветувате, без лажни ветувања направете нешто корисно за граѓаните. Живот во оваа општина и во оваа држава ќе има само кога ќе падне оваа „црна“ власт, а тоа ќе биде наскоро, за многу кратко време народот ќе ве казни за сите лаги и за сите лоши работи што им ги нанесовте, гордите МАКЕДОНЦИ ќе ве казнат затоа што ги пониживте и излажавте. Доаѓа подоброто утре и за нас, пишува жител на Радишани на својот Фејсбук профил.

По ова, градоначалникот Смилевски, наместо да се потруди да најде решение за проблемот, тој директно ги обвини жителите дека тие ги кршат сијалиците.