четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 53
home Општини

Пуштена за сообраќај крстосницата во штипската населба Сењак

Пуштена за сообраќај крстосницата во штипската населба Сењак

Отворена е за сообраќај крстосницата „Сремски фронт“ и „Борис Крајгер“ во штипската населба Сењак. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека станува збор за модерна крстосница која се реализираше со средства од министерството во висина од 12 милиони денари.

– Инвестиравме во модерна крстосница затоа што старото сообраќајно решение веќе беше претесно и опасно како потенцијална црна точка за жителите на Штип. Од денеска имаме нова модерна сообраќајна крстосница изградена по сите сообраќајни и европски стандарди. Денеска го означуваме пуштањето во употреба на овој значаен проект за граѓаните на Штип со што верувам дека и преку овој проект во континуитет централната власт и Министерството за транспорт и врски најсилно го поддржува и помага за развојот на Штип и граѓаните на Штип, вели Бочварски.

Целосно новиот и модерен проект опфаќа проширување и отворање на крстосницата меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Борис Крајгер“, комплетно нов асфалт, светлосна сигнализација која значително ќе ја зголеми безбедноста на оваа прометна крстосница, дополнително проширени тротоари за безбедност на пешаците и изградба на нова автобуска постојка.

–Исто така сакам да потенцирам дека до сега преку Министерството ја завршивме и реконструкцијата на улицата „Панче Караѓозов“, за која вложивме околу 10 милиони денари. Денеска сакам да најавам дека преку истиот проект, избран е изведувач за реконструкција и на улиците „Солидарност“, „5-ти Конгрес“ и „Браќа Даневи“ со инвестиција од преку 450 илјади евра за што очекуваме градежните работи да започнат наскоро, во текот на летниот период. Следниот месец очекувам и започнување на градежни активности и за поставување на ограда на коритото на река Отиња со вредност од 5,5 милиони денари за што веќе го избравме изведувачот на работите, а по изборот на надзорниот орган влегуваме и овде во работа, додаде Бочварски.

Со сите овие проекти Министерството за транспорт и врски обезбедува континуирана подршка за Општина Штип и граѓаните на Штип. Посочи дека до сега Министерството реализира три јавни повици каде се опфатени над четириесетина општини со преку 80 локални улици.

-Градењето на инфраструктура не смее да запре, посебно не во овие услови на светска криза, а нашите напори се токму во таа насока, да обезбедиме што повеќе работа за домашните градежни комапнии. Се наоѓаме во силен инвестициски циклус, инвестирајќи во изградба и модернизација на патната мрежа низ цела држава, комуналната инфраструктура и остануваме посветени на овој курс на обезбедување на просперитет на државата и за граѓаните, вели Бочварски.

Крстосницата во штипската населба Сењак официјално за сообраќај е пуштена од денеска, инаку оваа крстосница беше позната црна сообраќајна точка, на која што имаше и несреќи со човечки жртви.

Коронавирус