недела, 2. април 2023. Вести денес: 33
home Општини

Пуштање во употреба на нов водоснабдителен систем во Гевгелија

Пуштање во употреба на нов водоснабдителен систем во Гевгелија

Во Гевгелија денеска ќе биде пуштен во употреба нов водоснабдителен систем, со кој треба да се подобри водоснабдувањето за 17.0000 жители.

Системот опфаќа ново извориште со три нови бунари и хлорна станица, лоцирано во близина на  Вардар, потисен цевковод со должина од 1.366 метри, нов резервоар со капацитет од 1 000 кубни метри, како и доводен цевковод со вкупна должина од 2.187 метри.

Изградбата на системот  чини 1,7 милиони евра, обезбедени преку проекти поддржани од ИПА фондовите, Светска банка и грант од Министерството за транспорт и врски.

На пуштањето на  водоводот е најавено обраќање на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

МИА