среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 81
home Општини

Првото бебе во Куманово е девојче

Првото бебе во Куманово е девојче

Првото новороденче во Куманово во 2020 година е девојче. Родено е во 01:35 часот,  по полноќ, во Општата болница, тешко 3.790  килограми, 52 сантиметри долго. Тоа е второ бебе во семејството Спасовски од Куманово.

Мајката, 30-годишната Соња и бебето Марта се добри, изјавија дежурните лекари.

Новороденчето и мајката денеска ги посетија претставници од Општина Куманово и од Општата болница кои им подарија пригодни подароци.

-Се помина во најдобар ред, се работи за спонтано породување. Мирна ноќ на акушерското одделение, иако тука посакуваме повеќе работа, тука се доаѓа за убави работи, за рожба. Минтатата година имавме 1.110 раѓања што е за 140 помалку од 2018 година. Радува фактот дека е намален неонаталниот моратлитет, изјави директорката на болницата, доктор Снежана Захариева.

По Нова Година во кумановската болница е родено уште едно машко бебе. (МИА)

Коронавирус