понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Општини

Првото бебе родено годинава во Штип е машко

Првото бебе родено годинава во Штип е машко

Ана Божинова (28) роди здраво машко дете на 1 јануари во осум часот и пет минути во штипската Клиничка
болница, со што малиот Матеј е првото новороденче во Брегалничкиот регион. Божинова вели дека е родена штипјанка, а е мажена во Радовиш.

Вработена е како медицинска сестра во рудникот „Бучим“.

– Бебето ми е втора рожба тешко е 3.100 килограми и е долго 49 сантиметри. Голема благодарност до вработените на акушерското одделение, вели Божинова.

Гинекологот Наталија Атанасова вели дека и мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Забележува дека минатата година на ова одделение се родени 708 бебиња не само од Штип, туку и од останатите општини од источниот регион.