среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Општини

Прва жртва на коронавирусот во Дојран

Прва жртва на коронавирусот во Дојран

Во извештајот на Институтот за јавно здравје вчера немаше регистрирано новозаболени лица од корона вирусот во општините Гевгелија, Богданци и Дојран, но затоа пак беше забележана првата ковид жртва во општина Дојран.

Од почетокот на пандемијата со Ковид-19, општина Дојран најдолго се држеше на страна од вирусот и имаше најмала трансмисија(инциденца) на вирусот, но во најавениот втор есенски бран, кој ни се случува во моментот, за само два дена бележи седум позитивни пациенти и сега од вкупно 32 има 11 активни случаи на територијата на општината.

Ваквата состојба придонесе за само четири дена, според бројот на заразени на 100.000 жители, инциденцата во општина Дојран од не цели 12 индексни поени да достигне скоро 93 индексни поени.

Од ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија соопштија дека црниот биланс на ковид жртви на териториите на трите општини од југоистокот изнесува 10 жртви од кои шест во општина Гевгелија, три во општина Богданци и една во општина Дојран, а активни остануваат 221 лице.

Коронавирус