понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 84
home Општини

Прскање против комарци во Општина Охрид и на крајбрежјето на Охридското Езеро

Прскање против комарци во Општина Охрид и на крајбрежјето на Охридското Езеро

Екипи на Центарот за јавно здравје од Охрид утре ќе спроведат земјено запрашување против комарци во градот и долж крајбрежејто на Охридското Езеро.

Станува збор за превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа противепидемиска мерка. Запрашувањето ќе се врши теристички односно од земја, во периодот од 22 часот до 6 часот наутро, со поебни апарати за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено крајбрежејто на езерото на потег од селото Подмоље до комплексот Свети Наум, потоа територијата на град Охрид, како и долж течението на реките Грашница и Коселска Река.

Заради активностите на терен се извесуваат пчеларите и пчеларските задруги да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (МИА)

Коронавирус