сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 57
home Општини

Прскање против комарци утре во Штип

Прскање против комарци утре во Штип

Општина Штип утре ќе спроведе прскање против комарци. Дезинсекцијата ќе се реализира во раните утрински часови доколку се поволни временските услови.

Советникот на односи со јавност во општината Кристина Костова информира дека запрашувањето ќе се врши во периодот од 2 до 7 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојните води и подрачјата околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети.

Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден. Се апелира пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.