среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 15
home Општини

Протестен марш против оштетување на Шара

Протестен марш против оштетување на Шара

Преку протестен марш, активисти од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, се спротивставија на изградбата на хидроцентрали во селото Лешница, тетовско. Тие од властите побараа итен прекин на работите, јавува АЛСАТ.

Бараме од сите институции итно да ги прекинат сите незаконски работи во делот на хидроцентралите. Тие хидроцентрали немаат се уште комплетна техничка документација. Сечењето на дрвјата и отворањето на новите траси е големо, се се уништува. Денеска праќаме порака до сите и гледаме што се случува горе. Оваа болест ја опфатила целата територија на шара во Косово, Македонија, Албанија. Треба да има детална анализа и да се прекинат сите интервенции”-изјави Хамди Сулејмани, иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“.