вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 43
home Општини

Протест на жителите на населбата Горно Оризари, изразија револт од неработењето на Наташа Петровска

Протест на жителите на населбата Горно Оризари, изразија револт од неработењето на Наташа Петровска

Жителите на населбата Горно Оризари денеска на протест го изразија револтот од неработењето на Наташа Петровска.

-Сите досегашни апели, сите средства на дијалог се исцрпени, велат тие.

-Наташа Петровска и оваа локална власт останаа глуви и недостапни за нас и нашите проблеми и затоа денеска презедовме радикални мерки и блокада на сообраќајницата. Жителите потенцираат, дека се особено горди на фактот што денеска биле единствени независно на нивната политичка определба. Најавуваат и натамошна заедничка борба во решавањето на проблемите кои ги мачат сите жители на Горно Оризари, порача Иванчо Тошевски.