понеделник, 18. јуни 2018. Вести денес: 4
home Општини

Пронајдена исчезнатата 66-годишна кумановка

Пронајдена исчезнатата 66-годишна кумановка

Полицијата и семејството ја пронајдоа  66-годишната Јагода Серафимовска од Куманово во околината на село Режановце, соопштија членови на семејството, кои претходно побараа помош од граѓаните за пронаоѓање на жената.

Жената е во добра здравствена состојба и веднаш е сместена во Домот за стари лица „Зафир Сајто“, каде била згрижена.

Серафимовска се водеше за исчезната од вчера изутрина, кога заминала од Домот за стари лица каде што е згрижена. Во нејзината потрага се вклучи СВР Куманово, но и персоналот на Домот за стари лица и волонтерите од Црвениот Крст.