петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 61
home Општини

Продолжува да работи добиточниот пазар во Битола

Продолжува да работи добиточниот пазар во Битола

Јавното претпријатие „Пазари“ утре повторно ќе го отвори добиточниот пазар во Битола кој превентивно беше затворен на 23 март.

Според директорот на ЈП „Пазари“-Битола, Владо Атанасовски, нема пречки за сточниот пазар повторно да биде во функција, а дозволата е обезбедена од Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Сточниот или добиточниот пазар со кој ние стопанисуваме привремено беше затворен исто како и другите добиточни пазари во државата, а се со единствена цел да се придонесе во заедничката борба против ширењето на коронавирусот. Но, од денес добиточните пазари продолжуваат со работа, а во Битола формално од утре затоа што Сточниот пазар во Битола единствено го отвораме во вторник и продажба на стока се врши само во вторник за што се запознати традиционалните корисници на нашите услуги, посочи Атанасовски.

Од ЈП „Пазари“-Битола потврдуваат дека преземени се сите заштитини мерки, корисниците имаат обврска да ги почитуваат за заштита од Ковид-19, а процесот ќе го надгледуваат ветеринарни експерти и служби.

ЕУРО 2020

Македонија