понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Општини

Проданоски: Градоначалникот на Прилеп се пофали дека 2020 била година на крупни капитални проекти, додека градот се распаѓа

Проданоски: Градоначалникот на Прилеп се пофали дека 2020 била година на крупни капитални проекти, додека градот се распаѓа

Градоначалникот Илија Јованоски, се пофали дека 2020 била година на реализација на крупни капитални проекти од витално значење за општината. Жално, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски.

-Или гледа со розеви очила или не гледа дека градот се распаѓа на сите страни, со пропаднати улици со огромни кратери, запустени парковски површини, детски игралиштa, плоштади! Очигледно самиот себеси се убедува дека локалната власт одлично работи. Од вкупно 452 милиони денари на сметката, останати се само 21 милион, а замислете Општината потрошила речиси 7 милиони евра. Тоа е огромна сума на пари, а за жал потребите на граѓаните не се задоволени. Граѓаните не видоа ништо друго освен прескапо платеното мовче во Сточен Пазар и реконструкција на дел од булеварот во центарот на градот, вели Проданоски.

Тој додава дека за каква реконструкција и рехабилитација на улици и локални патишта, зборува градоначалникот Јованоски? За оние улици со огромни дупки на кои прилепчани ги кршат своите автомобили?

-Дали е домаќинско и транспарентно работење на локалната самоуправа кога за плати, стоки и услуги се потрошени повеќе од 160 милиони денари? Иако прилепчани ги плаќаат даноците сепак централната власт не одвои позначителна сума на дотации за Прилеп како Општина! На Локалната власт и е поважно да троши за привремени вработувања, речиси 22 милиони денари, а услугите кон граѓаните да се на најлошо ниво.Општината место сервис на граѓаните е претворена во фирма за вработување на партиски послушници кои само земаат плата, а ништо не работат. Колку мисли Илија Јованоски да ја задолжи Општината? Граѓаните ќе ја казнат ваквата неспособност и ароганција. ВМРО-ДПМНЕ има визија и стратегија за развој на Општината која ќе ја спроведе по локалните избори, потенцира Проданоски.

Коронавирус