вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Општини

Прилепскиот градоначалник одби да ги прими бадникарите – не бил Дедо Мраз и бил неработен ден!?

Прилепскиот градоначалник одби да ги прими бадникарите – не бил Дедо Мраз и бил неработен ден!?

До редакцијата на Маркукуле пристигнала вест дека градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски одбил да ги прими дечињата кои денеска како и нивните врсници ширум државата го навестија Христовото Раѓање.

Повеќе од двесте мали прилепски ангелчиња, во придружба на родители, баби и дедовци, утрово беа дел од Бадниковата поворка која помина низ прилепските улици и пеејќи ја бадниковата песна „Вечниот Бог“ и го навестија Христовото раѓање – Божиќ. Овие ангелчиња ги симболизираат ангелите, кои ја донеле радосната вест за Христовото раѓање и пееле: Мир на земјата, а меѓу луѓето добра волја“.

Порталот пишува дека ваквиот начин на празнување на Бадник претставува една возобновена древна традиција за одбележување на овој празник а преку кој се негува традицијата и културата.

Според агендата, по завршувањето на богослужбата Литијата тргна од храмот посветен на „Св. Кирил и Методиј“ – Параклис, и мина низ центарот на градот.

-Како и секоја година, така и оваа, свештениците и малите ангелчиња очекуваа да бидат примени од градскиот татко и да им подели бадникови пакетчиња, но за жал, градоначалникот после три недели договарање, одби да ги прими малите ангелчиња со изговор дека, како прво: „градоначалникот не е Дедо Мраз па да дели пакетчиња“, и како второ: „Утре е Бадник и неработен ден, така што …“. Видно разочарани, дечињата со придружбата, само поминаа пред општинската зграда, па низ градските улици го навестија Христовото Раѓање – Божиќ, пишува Маркукуле.

Вакви литии се одржаа речиси низ сите градови во државата, а пред нецели две години, десетина естрадни уметници во придружба на Златните Славејчиња, на иницијатива на Бигорскиот манастир, снимија видео-спот за божиќната „Вечниот Бог“.