вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 55
home Општини

Пријави за 14 возачи во Гостивар за паркирање на недозволени места

Пријави за 14 возачи во Гостивар за паркирање на недозволени места

Во последната акција на полицијата и „пајак“ службата во Гостивар биле подигнати 11 возила, а 14 сопственици ќе добијат соодветни пријави за паркирање на недозволени места. По синоќешната акција, од Одделението за внатрешни работи во Гостивар најавуваат дека вакви активности ќе има и во наредниот период.

Акцијата започнала во 20 часот на улиците во потесното градско подрачје „Илинденска“, „Браќа Ѓиноски“ и „ЈНА“.

– Со предвидените санкции ќе се соочат возачите и сопствениците на возилата кои ги оставиле возилата на тротоари, во зона на раскрсници и зеленило. Вакви акции ќе се спроведуваат интензивно во наредниов период, а од утре ќе се работи во две смени од 8 наутро до 20 навечер. За прекршителите нема да има толеранција, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Целта на акциите е да се овозможи нормално и безбедно одвивање на сообраќајот по гостиварските сообраќајници, со оглед дека во изминатиот период е забележана сообраќајна недисциплина. Во зависност од видот на прекршокот, возачите ќе треба да платат глоби во износ од 150 до 300 евра и да ги платат трошоците за подигање на возилото.

Годинава, регистрирани се 150 случаи во кои возила се подигнати погрешно паркирање, што е повеќекратно помалку од минатите години.

Во рамки на активностите за спроведување на поголем ред и безбедност во сообраќајот, минатата недела беа одржани состаноци со угостителите кои без одобрение пренамениле тротоари или сообраќајници.

Коронавирус