вторник, 21. август 2018. Вести денес: 30
home Општини

Превентивна дезинсекција на подрачјето на општина Битола

Превентивна дезинсекција на подрачјето на општина Битола

Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје-Битола денеска на подрачјето на општина Битола врши превентивна систематска дезинсекција.

Станува збор за противепидемиска мерка со цел уништување на ларвните облици на комарците и заштита на населението од заразни болести.

– Акцијата е во тек и ја спроведуваат екипи на Центар за јавно здравје. Со дезинсекцијата се опфатени места на подрачјето на општината каде има застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, соопштуваат од битолскиот Центар за јавно здравје.

Со информации за нашите активности известени се здруженијата на пчеларите и други надлежни институции.