среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 157
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Преспанско езеро пред катастрофа- дали ќе ја доживее судбината на Балатон?

Преспанско езеро пред катастрофа- дали ќе ја доживее судбината на Балатон?

Дали некој можеше да претпостави дека на Преспанското езеро ќе му се закани слична судбина како на Балатон во Унгарија, кое речиси дојде до пресушување. Со Баба планина и Галичица без снег, со 80- 90 отсто пресушени сливни подрачја, со водени површини под нултата кота од 3 метри и шеесет сантиметри, со исцедување на водените ресурси од два метри за една и пол година? Денеска, објективот на нашата камера кај Асамати, долови една апокалиптична слика која ја споделивме со тамошните рибари.

Се надевам дека оваа алармантна состојба на Преспанското езеро ќе ја согледаат сите и ќе ја дигнеме на едно високо ниво, ако треба и глобално, за да не ни дојде како ситуацијата бво Маџарска кога Балатон пред 4 години доживеа еколошка катастрофа – рече Наумче Ставрвевски, концесионер на Преспанското езеро.

Последиците допрва ќе се согледуваат, а први на удар ќе бидат рибите.

Со едно метро и деведесети ичетири сантими, ние сме изгубиле во кубикажа некаде околу две дојрански езера. Тоа е факт. Како го афектира рибниот фонд? Ако изгубите милиони кубици на вода, се намалува капацитотот на кислородот на водата и таа риба се однесува поинаку од пред четириесет години кога водата во Преспанското езеро била чиста – рече Ставревски.

Преспанските рибари велат дека оваа состојба е опасна дури и за риболов.

Во ова езеро фаќаме некаде триесет години и колку иди, сега ни е с`е потешко. Се намали водата и поради тоа има многу струења на езерото и мрежите ни се полнат со трева и алги – рече Сеад Адемовски, рибар од с. Асамати.

Долготрајниот сушен период кој силно го напаѓа езерото веќе неколку години, полека но сигурно ги отвора сите еколошките теми поврзани со езерото, како негрижа со неколку деценискиот прилив на вештачки ѓубрива од овоштарниците преку подземните води, со начинот на порибување на езерото, несоодветната законска регулатива и безброј други проблеми на кои денеска ни укажаа концесионерот и рибарите.

ИЗВОР: АЛФАТВ