недела, 16. декември 2018. Вести денес: 66
home Општини

Преименувани две училишта во општина Дебар

Преименувани две училишта во општина Дебар

Советот на општина Дебар на денешната редовна седница донесе одлука за преименување на две училишта во градот, објави порталот Журнал.

Одлуките се однесуваат за основното општинско училиште “Братсво единство“ кое се преименува во “Пенестиа“, според албанските историчари тоа е старото име на Дебар, и средното општинско училиште “Здравко Чочковски“ ќе биде преименувано во “28 ноември“, денот на независноста на Република Албанија и ден на националното албанско знаме.

Одлуката за преименување и промена на статутите на училиштата помина и со потребниот број на гласови според Бадентер.