сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 72
home Општини

Православните гробиштата во Тетово како запуштена ледина: Нема ниту крст, само треви, трње и нула грижа (ФОТО)

Православните гробиштата во Тетово како запуштена ледина: Нема ниту крст, само треви, трње и нула грижа (ФОТО)

Цели десет  години се поминати откако е извршен првиот погреб на новата локација на православните гробишта во Тетово, во атарот на селото Фалише.

Досега има закопано повеќе од двесте луѓе , а тетовци и натаму кај своите најблиски чествуваат на обична полјана која нема елементарни знаци на гробишта.

Нема поголем срам за надлежните во локалната самоуправа во Тетово која е надлежна да обезбеди минимум услови на гробиштата. Просторот во Фалише потсетува на запуштена ледина со израснати високи треви и трње, без никаква грижа за гробните места.

На влезот  нема никаков знак дека станува збор за гробишта, ниту крст како знак на православието.

Тетовци  помеѓу себе си го поставуваат прашањето: До кога локалната власт ќе  продолжи со дискриминацијата.

Ова е проблем за кој не се потребни многу пари да биде решен. Но, очигледно волја за тоа нема.

Само за споредба,  40 милиони евра ќе бидат потрошени за изградба на театарот во Тетово, а со неколку илјади евра, ќе се направи барем гробиштата да изгледаат достоинствено.

 

Коронавирус