среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 150
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Општини

„Правда за Оли“: Протест за прегазениот битолчанец

„Правда за Оли“: Протест за прегазениот битолчанец

Денес во 12 часот напладне, на плоштадот Магнолија во Битола, се одржи протест во организација на братот на прегазениот Оливер.

-Почитувани, денеска се одржа протест поради бессрамната пресуда од 18 месеци затвор за убиецот на мојот брат Оливер, кој беше убиен во сообраќајка пред речиси две години. Протестот се одржа поради нелогично ниската и тенденциозна пресуда на судијката Татјана Петровска, која му даде срамна казна на убиецот на мојот брат, иако брат ми немаше никаква вина за сообраќајката. Преку протест го искажавме нашиот револт, и обзнанувам дека и понатаму ќе продолжиме да ги користиме сите конвенционални средства, со цел да издејствуваме поправедна пресуда на Апелација, Бојан Петровски, брат на прегазениот Оливер.

Коронавирус