сабота, 28. март 2020. Вести денес: 20
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Позитивни на коронавирус се 36 лица во Дебар

Позитивни на коронавирус се 36 лица во Дебар

Градоначалникот на општина Дебар, Хекуран Дука вели дека се земени 209 брисеви од кои 36 лица се позитивни на коронавирусот.

Во домашна изолација во Дебар се 133 лица.

-13 се сместени во Клиниката за заразни болести и 23 се во домашно лекување. 133 се во домашна изолација бидејќи се смета дека тие имале контакт со заразени лица. Институциите вршат контрола според својот план, а што се однесува до хигиената во градот, вршат редовно чистење и дезинфекција на улиците, соопшти градоначалникот.

Тој упати апел до жителите на Дебар да не излегуваат во градот без потреба, да не се собираат повеќе од пет лица и да соработуваат со институциите.