сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Општини

Позитивен случај во градинка во Битола, 13 деца и една негователка во изолација

Позитивен случај во градинка во Битола, 13 деца и една негователка во изолација

Нов случај на позитивно лице на Ковид 19 во градинка во Битола. Се работи за воспитувачка од градинката „Коца Василева“ која е дел од установата за детски градинки „Мајски цвет“ од Битола.

Од министерството за здравство го потврдија случајот и рекоа дека позитивна е воспитувачка од истата градинка во која предходно имаше позитивен случај на воспитувачка.

Сега во домашна изолација и под здравствен надзор се ставени 13 дечиња и негователката од истата група.
Директорката на установата Снежана Тодоровска во изјава за Тера телевизија вели дека се работи за кластер надвор од градинката и дека од моментот кога по епидемилошка анкета имало сомнеж за контакт со позитивно лица, таа не се појавила на работа.

Директорката вели дека родителите биле известени, контактирале со нив и дека немало никаков проблем. Занималната е затворена и ќе се дезинфицира. Исто така додава дека групите во градинката меѓусебно немаат контакт.

Новиот случај во оваа градинка нема никаква врска со претходниот рече директорката Тодоровска.

Коронавирус