вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 92
home Општини

Пожар во пунктот на ЕВН во Дебар, голема материјална штета

Според очевидци, пожарот избувнал во внатрешноста на објектот, а набрзо бил локализиран по интервенција на Противпожарната единица.
Пожар во пунктот на ЕВН во Дебар, голема материјална штета

Попладнево околу 17 часот во наплатниот пункт на ЕВН во Дебар,  кој се наоѓа на централната улица „Братство единство“,  изби пожар што успеа да предизвика поголема матријална штета.

Според очевидци, пожарот избувнал во внатрешноста на објектот, а набрзо бил локализиран по интервенција на Противпожарната единица.

Полицијата и судските органи извршија истражни активности на местото на настанот.

Инаку, станува збор за пожар на новиот објект на наплатниот пункт на ЕВН , каде што се наплатуваат сметките на потрошена електрична енергија на жителите од општините Дебар и Центар Жупа.

Коронавирус