сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 96
home Општини

Пожар во ООУ „Тошо Велков Пепето“ (ВИДЕО)

Пожар во ООУ „Тошо Велков Пепето“ (ВИДЕО)

Со Звукот на сирената во холот на училиштето денеска на пладне учениците во ООУ „Тошо Велков Пепето“ во Кавадарци беа известени дека мораат да ги напуштат училниците, бидејќи во една од нив има пожар.

Евакуацијата започна експресно. Учениците дискциплинирано ги напуштија своите училници, додека димот од пожарот се прошири во училиштето. Тројца ученици се здобија со полесни повреди.

По добиената пријава за пожар експресно интервенираа надлените служби. Полицијата го обезбеди пристапот, веднаш пристигнаа пожарникарите од ТПЕ Кавадарци и итната медицинска помош. Пожарникарите започнаа со акција за гасење на пожарот, екипата на Црвен Крст им пружи прва помош на повредените. Еден од повредените беше превземен од итната медицинска помош.

Ова беше успешно реализираното сцеанарио за денешната вежба во која се симулираше интервенција за време на пожар.

Вежбата ја следеа градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, командирите на полициска станица и противпожарна единица Кавадарци, претставници од центарот за управување со кризи. Сите повикани вежбата ја оценија за успешна.

Коронавирус