вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 17
home Општини

Пожар беснее над Прилеп

Пожар беснее над Прилеп

Пожар избувна попладневно над Прилеп. Пожарот, како што информираат од прилепската противпожарна единица, почнал околу пладне со запалена сува трева кај месноста „Топташ“ и попладнево се проширил и ја зафатил мешовитатата шума во близината. Пожарот се движи во близина над манастирот „Свети Димитрија“ кај селото Селце.

На теренот се 10-ина пожарникари со возило од противпожарната единица и 10-ина вработени од подружницата „Црн Бор“ на ЈП „Македонски шуми.

Според Влатко Велески, раководител на „Црн бор“, пожарот, најверојатно е предизвикан со палењето прво на тревата.

– Запалена е прво сувата трева, малку стивна пожарот за ветрот попладнето да го разгори во блиската мешовита шума над градот. Не се движи кон манастирот „Свети Димитрија“ туку над него. Се надеваме дека сите екипи што се на теренот ќе се справат со стихијата, но, во секој случај, во ноќните часови екипите мора да се повлечат, вели Велески.