сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 79
home Општини

Повторно масакар на дрвјата во Капрош, ништо од ветувањата на Богоев за здрава животна средина

Повторно масакар на дрвјата во Капрош, ништо од ветувањата на Богоев за здрава животна средина

Властите не запираат со уништувањето на зеленилото во Скопје. Неколку децениски дрва утрово се жртва на сеча во скопската општина Карпош, каде градоначалник е Стефан  Богоев од СДСМ, човек кој од опозиција се бореше за повеќе зеленило и здрава животна  средина сега немилосрдно дава одобренија за сеча на повеќе децениски дрва.

Откако пред само еден месец  во Аеродром, Чаир и Карпош се сечеа дрвјата, денес на фејсбук се појави видео каде што јасно се гледа дека повторно во општина Карпош се сечат дрвја.  Според објавеното видео сечата се случува на улица Илинденска број 3.

Богоев во едно интервју за порталот Фактор истакна дека има тим кој е составен од луѓе стручни во делот на заштита на животната средина, просторното и урбанистичкото планирање, но и луѓе кои долги години професионално работат или работеле во општината, кои што темелно ги познаваат проблемите и истите ќе работата на тема зеленило и животна  средина.

Сега се поставува  прашањето, дали Богоев ги информирал овие стручни луѓе и кој дал дозвола за повторно сечења на здрави дрва во општина Карпош, останува нејасно.