понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 62
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Постапки за непочитување на полицискиот час во Охрид

Постапки за непочитување на полицискиот час во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид денеска до Основниот суд во Охрид поднесе предлози за издавање казнен налог за две лица кои непочитувајќи го полицискиот час сториле кривично дело од член 206 став 1 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, двајцата обвинети биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат по улиците низ Охрид, додека во сила била Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија.

Обвинителството на Судот му предложи обвинетите да ги огласи за виновни за стореното кривично дело и да им изрече парични казни во висина од 100 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 2.000 евра во денарска противвредност.​

Коронавирус