вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 1
home Општини

После многуте притисоци од власта, разрешен раководителот на Вардарски плански регион Марко Колев

После многуте притисоци од власта, разрешен раководителот на Вардарски плански регион Марко Колев

Денес на седница на Вардарси плански регион, е разрешен раководителот Марко Колев. Ова промена на директорското место доаѓа по инцијатива на градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. За негов наследник е назначен Игор Андреевски.

Според нашите информации, оваа одлука е донесена без никакво образложение и причина.

Вардарски плански регион важеше за институција која изминативе години реализираше огромен број на проекти во општините кои спаѓаат во овој регион, Велес, Кавадарци, Неготино, Чашка, Лозово, Свети Николе, Демир Капија, Градско и Росоман. Најмногу оваа институција им беше од помош на малите општини кои немаа доволно финансии за реализација на крупни проекти, кои преку Вардарски плански регион беа реализирани со помош на донатори, амбасади и кредити.

Само во 2019 ВПР има реализирано проекти во вредност од преку 5 милиони евра.

Според информациите на Велес денес, веќе неколку месеци има обиди да се соберат доволен број на гласови од градоначалниците во овој регион за разрешување на Колев, но поради противењето на поголем дел од градоначалниците истото беше пролонгирано. Правени се притисоци и од централната власт, како и од партијата на власт врз градоначалниците кои беа задоволни од работата на Колев со директни закани.

Неофицијално во негова одбрана застанале и првите луѓе на околните општини, но на крај попуштиле под партиските притисоци и директиви.

Марко Колев е потпретседател на ОИШ на ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу граѓаните кој се по упатени во работата на Вардарски Плански Регион има поддршка и се споменува како иден кандидат за градоначалник на општина Велес.

За своето разрешување на фејсбук се огласи и самиот Марко Колев, кои се пофали со десегашната своја работа, како и на тимот од Вардарски плански регион.

Извор: velesdenes.mk