понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 91
home Општини

Поскапо паркирање во Охрид: Во центарот ќе плаќате 100 денари за час

Поскапо паркирање во Охрид: Во центарот ќе плаќате 100 денари за час

Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг-просторот во летниот период, ЈП „Билјанини ивори“ започна со наплата на паркирањето според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.

Сезонската тарифа предвидува поскапо паркирање, а цената за паркирање на јавните паркиралишта во зона А ќе изнесува 40, во зона Б – 30 денари, додека паркингот во т.н. „премиум-зона” во строгиот центар на градот чини сто денари за час.

Сезонската тарифа на паркирањето трае до 1 септември.

ЕУРО 2020

Македонија