среда, 8. декември 2021. Вести денес: 106
home Општини

Пороен дожд во Куманово- поплавени улици

Пороен дожд во Куманово- поплавени улици

Невреме со пороен дожд и грмотевици, го зафати попладнево Куманово и регионот. Граѓани од улиците „Октомвриска револуција”, „Никола Тесла”, „Бајрам Шабани”, улиците од населбата „Зелен Рид”, „Серава” и други урбани заедници пријавиле во РЦУК Куманово дека од водата се поплавени улиците и шахтите не можат да ја апсорбираат големата количина на вода.

– Дел од граѓаните пријавија дека им се поплавени подрумските простории. Речните корита имаат можност да апсорбираат поголема количина на вода – изјави Горан Стојановски од РЦУК Куманово.

На терен се екипите на „Водовод”, кои ги санираат штетите, настани од големата количина на дожд.

– Решени се проблемите на „Никола Тесла”, „Франц Розман”, „Ѓуро Пуцар Стари”, „Свето Филиповиќ” и на други места. Работевме со пет екипи, имаме помош од екипи на „Чистота и зеленило”, а помош имавме и од СВР Куманово кои на наше барање ја затворија „Октомвриска револуција” и „Трета МУБ” до спортска сала – изјави директорот на „Водовод”, Горан Стојковски.

Жители на руралните места Табановце, Четирце, Речица, Режановце, Романовце, Умин Дол, Ново Село, дел од селата од Старо Нагоричане, пак, пријавиле дека имаат штети од град.

Интензитетот на врнежите е намален.

Коронавирус