сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 21
home Општини

Поради неспособноста и безидејноста за нови проекти, градоначалникот Илијев се фали си проект на ВМРО-ДПМНЕ

Поради неспособноста и безидејноста за нови проекти, градоначалникот Илијев се фали си проект на ВМРО-ДПМНЕ

Деновиве од страна на локалната самоуправа на Кочани беше објавено соопштение во кое стои дека на објектот на Пречистителната станица за третман на отпадни води во Кочани се извршуваат последните подготовки пред свеченото пуштање во употреба во петок, на 12 јули 2019 год.

Она што е пропуштено да се наведе е дека се работи за целосно наследен и готов капитален проект на ВМРО-ДПМНЕ со комплетно завршена постапка за изведба на Пречистителната станица од страна на претходната локална власт во Кочани.

Станицата за третман на отпадни води се реализира со донација од Владата на Швајцарија од 21 милион швајцарски франци, при што во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ финансиско учество обезбеди и Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Општина Кочани и КЈП „Водовод“-Кочани.

Во услови кога поради неспособност и безидејност да се започне ниеден позначаен проект, Градоначалниот Илијев и локалната власт на СДСМ во Кочани мора да се фалат со проект на ВМРО-ДПМНЕ и притоа недоблесно да си ги припишуваат целосно заслугите за проектот, кој им беше оставен целосно договорно-технички завршен и оперативно во одмината фаза уште во времето на претходната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани.