среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Општини

Попова: Сурово бркање од работа на 8 вработени во градинката „Димче Мирчев“, не е животот кој го најавуваа

Попова: Сурово бркање од работа на 8 вработени во градинката „Димче Мирчев“, не е животот кој го најавуваа

Ова ли е животот кој го ветуваа СДСМ и господинот Аце Коцевски? Ова ли се промените за подобар и безгрижен живот за сите граѓани на Република Македонија? Зарем вака изгледа животот со 500 евра месечна плата за работниците?, прашува Каролина Попова од ОК ВМРО-ДПМНЕ Велес.

-Ова сурово бркање од работа на 8 вработени во градинката „Димче Мирчев“, е се само НЕ Е ЖИВОТОТ кој го најавуваа. Сведоци сме како на срамен, понижувачки и нечовечки начин се избркани 8 вработени од градинката „Димче Мирчев“ без притоа никаква најава, без основи, без размислување на последиците, како од морален  така и од законски аспект, вели таа.

Попова ги прашува СДСМ, зарем ова е животот кој го донеле, зарем вака изгледа еден нормален работен ден во кој ти соопштуваат дека од наредниот ден не си повеќе на работа. Ти соопштуваат дека продолжување на договорот за работа нема да го има, а на Вас останува како тоа ќе им го соопштите на своето семејство, на своите деца.

-За апсурдот на оваа трагедична ситуација да биде уште поголем сведоци сме на неодамнешните изјави на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во која вели, ЦИТИРАМ : „Од февруари договорите ќе им бидат на неопределено време. Ние, како министерство, не вработуваме, но им даваме согласност на општините. Смешно е секој месец или секоја година да обновувате договор на вработен и тоа на некој што е постојан кадар“. Денес 8 фамилии останаа без егзистенција, бидејќи не им се погодни на СДСМ и Аце Коцевски во Велес. Зарем е нормално и морално во една правна држава да бидат избркани без никаква оправдана причина работници кои се професионалци во својата работа и во која се искусни повеќе од две години, а притоа да вработат и да добијат решенија работници без работно искуство или со помалку од еден месец работно искуство. Наместо Коцевски и СДСМ да почнат да реализираат проекти кои им ги ветуваа на граѓаните за ЖИВОТ во Велес, гледаме дека ти е се занимаваат само со реваншизам, вели Попова.

Премногу се очигледни безидејните политики на партиски вработувања и реваншизам на оваа влада која нудеше живот за сите.

Коронавирус