недела, 9. мај 2021. Вести денес: 119
home Општини

Полицијата во Делчево вршела дискриминација при пропуштање на гледачи на вчерашниот натпревар на ФК Брегалница-Делчево

Полицијата во Делчево вршела дискриминација при пропуштање на гледачи на вчерашниот натпревар на ФК Брегалница-Делчево

На вчерашниот натпревар од третата македонска регионална фудбалска лига помеѓу екипите на ФК „Брегалница“ Делчево и ФК „Детонит“ полициски службеници од ПС ОН Делчево вршеле политичка дискриминација при пропуштањето на граѓани кои што сакале да присуствуваат на натпреварот, објави Брегалнички.мк

Во своја реакција упатена во јавноста, граѓанин на Делчево, сведочи за она што му се случувало кога отишол да го гледа својот омилен фудбалски тим со кој што пораснал на стадионот “Гоце Делчев” во Делчево. Овој млад делчевец на влезот од стадионот бил пречекан од полициски службеник (најверојатно виш инспектор според неговото сведоштво) при што бил спречен да влезе иако на стадионот веќе имало влезено повеќе други граѓани во поголем број. Според неговото сведоштво исто така откако тој бил вратен назад полицијата селективно продолжила да пропушта други граѓани да влезат на трибините од стадионот.

“А пак јас кога студирав право, таму не учеа дека законот или правилото треба да важи за сите подеднакво, а не селективно. Очигледно не не научиле дека ако си приврзаник на власта, законите баш и не важат, а ако си функционер, не само што не важат, туку слободно со тоа може и да се пофалите… Е сега веќе ми станува појасно зошто ми беше забранет влез само на мене, но не и на луѓето пред мене (приврзаници на власта)на кои непречено им беше дозволено влегувањето… Не сакам во исти кош да ги ставам сите кои се присутни на трибините, бидејќи не знам како се нашле таму, ама за тие што влегоа пред мои очи знам…”, стои во реакцијата на младиот делчевец кој се охрабри да реагира јавно за ваквата селекција и дискриминација на граѓаните за присуство на градскиот стадион во Делчево.

целиот текст на Брегалнички.мк

Коронавирус