петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Општини

Полицијата на автопатот Гевгелија – Куманово санкционираше 82 возачи

Полицијата на автопатот Гевгелија – Куманово санкционираше 82 возачи

Во текот на вчерашниот ден (04.03.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 82 возила. Од нив, девет се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Коронавирус