вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 15
home Општини

Подводно чистење на Дојранското езеро, вклучени 20 нуркачи

Подводно чистење на Дојранското езеро, вклучени 20 нуркачи

Дваесет нуркачи од повеќе градови од земјава, во организација на Македонско-Хрватското друштво и еколошко нуркачкиот клуб „Пена“, викендов подводно го чистеа Дојранското езеро од пластичен и друг вид отпад во рамки на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадување на водата“.

Организаторите велат дека основна цел на проектот била да да се подигне свеста за екологијата и чување на природните богатсва во земјава како извор на здрава животна средина, а специфичната цел е подводно чистење од отпад и особено од рибарски мрежи во кои рибите угинуваат.

Имплементацијата на проектот почнала уште на 21 март и досега биле реализирани акции за чистење на реката „Пена“ месноста „Бањиче“ и езерото „Матка“ и дека до крај ќе се реализираат уште две акции за подводно чистење на езерото „Младост“ во Велес и на Мавровско езеро.

Проектот е финансиски помогнат од програмата на Цивика мобилитас за поддршка на граѓанското општество. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија