недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 247
home Општини

Поддршка од Лондон и Украина за Николчо Стојменовски

Поддршка од Лондон и Украина за Николчо Стојменовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Делчево од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Стојменовски преку социјалните мрежи му се заблагодари на лондончанецот Кертис кој му да пружи својата поддршка за изборите.

-Кертис, ти благодарам за поддршката, навистина ми значи што твојата порака може да стаса до моите сограѓани. Навистина верувам дека Делчево и делчевчани во октомври ќе ја препознаат вистинската опција и ќе го заокружат бројот 7., напиша Стојменовски.

Инаку, Кертис, како што вели е успешен претприемач од Лондон, Англија.

-Октомври ќе биде клучен месец, не само за идниот успех на вашиот град, туку и за цела Македонија. Вие ја имате моќта да го изберете Николчо на претстојните избори, некој кого јас лично го знам со години од нашите успешни соработки тука во Лондон, кој е еден од главните финансиски градови во светот. Тој е единствената личност на која вие или јас можеме да му веруваме за да биде градоначалник на вашиот уважен град. Глас за Николчо е глас за вашата иднина, направете го вистинскиот избор на денот на изборите, им порача Кертис на жителите на Делчево.

Преку видео порака, Стојменовски доби поддршка и од бизнисмени од Украина.

Локални избори 2021